Реал Мадрид во Ријад во Саудиска Арабија го победи Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Суперкуп. Средбата заврши со резултат 2:0.

Откако во полуфиналето по продолженија со 3:2 ја совладаа Барселона, против Атлетик работата ја завршија во регуларните 90 минути. Прво Атлетик се жалеа дека се оштетени за пенал, пред Лука Модриќ да го отвори резултатот во 38. минута со фантастичен гол.

Во 52. минута од мечот „кралевите“ го удвоија водството кога по игра со рака во шестнаесетникот на Атлетик, беше досуден пенал, а Карим Бензема не згреши од белата точка. Атлетик го добија својот пенал во 87. минута, кога повторно поради игра со рака Едер Милитао доби црвен картон, но обидот на Раул Гарсија заврши само во рацете на Тибо Куртоа.

За „кралскиот клуб“ ова е 12-ти трофеј во шпанскиот Суперкуп. Претходно до трофејот Реал стигна во 1988, 1989, 1990, 1993, 1997, 2001, 2003, 2008, 2012, 2017 и 2019/20.

Поуспешна во ова натпреварување е само Барселона со вкупно 13 трофеи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.