Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски е пред заминување од бугарскиот прволигаш Ботев Враца. По одличната полусезона во шампионатот на Бугарија, за него пристигна одлична понуда од Рапид Виена. Личните услови за напаѓачот се далеку позадоволителни од платата што Бабунски досега ја заработуваше во Ботев Враца.

Според бугарските медиуми, Рапид Виена му нуди плата од 20.000 евра, а досега Дориан Бабунски го носеше дресот на Ботев Враца за 2.000 евра месечен приход.

Отштетната клаузула во неговиот договор изнесува 100.000 евра и најверојатно тоа нема да биде проблем за австрискиот клуб. Кога Рапид Виена ќе го плати обештетувањето, веќе и нема да постојат пречки за тој да се пресели во Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.