Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Украина – Македонија кој ќе се одигра на 14. октомври, 2023 г. на стадионот на Спарта во Прага се пуштени во продажба.

Како што информираат од ФФМ, билетите се по цена од 300 чешки Круни (приближно 755 денари), а може да се купуваат електронски на следниот линк:

https://uaf.enigoo.cz/app/guests/events

За македонските навивачи, во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација (блоковите F1, F2, F20, F21 од мапата на стадионот) се предвидени 988 влезници.

Фановите кои ќе патуваат во Чешка, билетот за натпреварот Украина – Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница. Едно лице со пополнети лични податоци може да купи најмногу четири билети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.