Повеќе од 100 претставници во Европскиот парламент преку писмо го повикаа денеска претседател на УЕФА, Александар Чеферин, да ја исклучи Белорусија од квалификациите за ЕУРО 2024 кои стартуваат идната недела.
Барањето е мотивирано од белоруската поддршка на агресијата врз Украина поради која УЕФА претходно ги исклучи руските репрезентации и клубови од сите европски натпреварувања.
Белорусија во квалификациите за ЕУРО2024 е во група со Швајцарија, Израел, Романија, Косово и Андора.
Поради вмешаност во руската агресија врз Украина, со одлука на УЕФА, своите домашни натпревари Белорусија мора да ги игра на неутрален терен без присуство на публика и на воведниот натпревар на 25. март против Швајцарија, најверојатно, ќе биде домаќин во Србија.
Европарламентарците во писмото до Чеферин посочуваат дека актуелните мерки против Фудбалската федерација на Белорусија се неадекватни имајќи го предвид ставот на белорускиот државен врв кон случувањата во Украина и ставот на Белорусија кон земјата агресор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.