Полската фудбалска федерација го обновила интересот за Андриј Шевченко, кој доби отказ од тренерското место во Џенова.

Како што објави новинарот Николо Шира, Полјаците веќе почнале преговори со 45-годишниот Украинец.

Репрезентацијата на Полска остана без селектор на крајот на декември, кога Пауло Соуса реши да застане на чело на Фламенго.

На 24 март Полска ќе настапи во полуфиналниот плејоф натпревар за настап на Светското првенство во Катар во 2022 година, против репрезентацијата на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.