Андриј Шевченко повеќе не е тренер на Џенова, во чиј дрес настапува македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Раководството на италијанскиот клуб одлучи да ја прекине соработката со Шевченко кој на клупата на Џенова беше на само девет натпревари во Серија А, на кои имаше скор од три нерешени и шест порази.

Како што објави Скај Италија, на местото на Шевченко како тренер на Џенова ќе биде назначен Германецот Бруно Лабадија, кој во кариерата ги предводеше Баер Леверкузен, Штутгарт, Хамбург, Фолфсбург и Херта Берлин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.