Фудбалерите на Бразил биле особено мотивирани на мечот со Србија по зборовите на српскиот селектор Драган Стојковиќ пред дуелот на двете селекции на Мундијалот. Вчера о првото коло од групата Г, јужноамериканскиот тим во Катар славеше со 2:0, а ѕвездата на Челси Тијаго Силва откри зошто дале сè од себе.
Не сакам да предизвикувам контроверзии, но нивниот тренер рече дека играме со четворица напаѓачи, па се запраша кој е во одбраната. Тоа е недостаток на почит. Не бараме некој да се плаши од нас, но малку почит… Ако го анализиравте нашиот тим, ќе видевте дека сме примиле малку голови, без разлика што играме со тројца-четворица напаѓачи, изјави 38-годишниот дефанзивец по натпреварот.
Колку добро одигра тој во одбраната говори и статистичкиот податок дека Србија немаше ниту еден удар во рамката од голот на ривалот.
Се обидовме да ги неутрализираме нивните потези. Немаа премногу шанси за гол. Се надевам дека следниот пат малку подобро ќе го проучат нашиот тим и ќе покажат малку повеќе почит во своите изјави, им порача тој.
За потсетување, Пикси на прес-конференцијата пред натпреварот беше запрашан да даде коментар за составот на Бразил, кој игра со четворица напаѓачи.
Рековте ќе играат четворица напаѓачи? Тогаш завршивме. О, Боже мој. Сигурно сте многу среќни што имате четворица напаѓачи во исто време? А што е со одбраната? Мора некој да игра и одбрана, нели, изјави Стојковиќ.
Во следното коло Србија ќе игра против Камерун, додека Бразил за противник ќе ја има Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.