ФФМ знаеме како функционираа. ФФМ не функционира од сега лошо, ФФМ функционира 30 години лошо. Ние се радуваме дека сега ставија нова трева на стадион. Што зборуваме луѓе… Ние немаме инфаструктура, немаме телевизиски права… Ние немаме ништо. Кој ќе дојде во ФФМ мисли само како да заработат, не размислуваат да направат нешто, да го подигнат фудбалот на многу повисоко ниво. После 30 години ние преку лига на нации се пласиравме на Европско првенство. Што сега, треба да чекаме упте 50 години пак да се пласираме?! – вели најпознатиот македонски фудбалер Горан Пандев во емисијата Еден на Еден.

Тој коментира дека не е можно за 30 години ние да не изградиме ниту еден стадион, да нема рефлектори, во зима да се игра на кал, а во лето на 50 степени.

– Тоа го нема веќе никаде во светот. Едно Косово на пример, има многу подобри услови од нашите услови – додава Пандев.

На прашањето како сме стигнале до тоа дно одговара:

– Погрешни луѓе… И државата има многу голем удел. Триесет години ние немаме еден спонзор на репрезентација. Да не се направи еден стадион. Луѓето во Федерација се задоволни со буџетот од УЕФА. Ние отидовме на ЕП без никаков маркетинг. Сега дојдоа Америанците, кај нас има на платен список повеќе луѓе во маркетинг, отколку играчи. Одиме на ЕП немаме дресови. Отидовме со дресови од пред 15 години. Срамно е. Сите гледаат да заработат нешто за да инвестираат во млади категории, ние за во личен џеб.Со тој менталитет тешко…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.