Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев е избран за делегат на Собранието на ФФМ преку ОФС Струмица. Поранешниот капитен на националниот тим преку видео врска учествуваше на Собранието на општинскиот сојуз.

Покрај Пандев за делегати во Собранието на ФФМ се избрани и Ѓорги Гоцевски -претседател на општинскито сојуз и Ванчо Коцев од ФК Плачковица. Нивните мандати треба да бидат верификувани од Федерацијата за да може да учествуваат годишно собрание закажано за овој месец.

ФОТО: Дрнка.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.