Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави денеска дека целосно ја прекинува соработката со Руската фудбалска федерација поради инвазијата на Украина.

– „Адидас“ од овој момент го прекинува своето партнерство со Руската фудбалска федерација, соопшти попладнево германската компанија, чија соработка со руската страна датира од 2008 година.

Во фудбалска смисла, одлуката на „Адидас“ значи продолжување на суспензијата која деновиве на рускиот фудбал на меѓународна сцена ја изрекоа ФИФА и УЕФА.

Според податоците од 2020 година, околу 2.9 отсто од приходите на „Адидас“ доаѓале од Русија, Украина и останатите земји од овој дел на источна Европа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.