Додека сите прволигаши и второлигаши се во тренажен процес и играат пријателски натпревари, најтрофејниот фудбалски клуб Вардар повторно е во зимски сон. И повторно поради старите проблеми – финансиите, пишува „Гол.мк“.

Се случува ситуација иста како што беше пред заминувањето на Сергеј Самсоненко. Нема пари, се нема закажано старт на подготовките, а не, пак, дефинирано пријателски натпревари. Играчите подолг период немаат земено плата и чекаат на сопственикот Слободан Крстевски за да почнат да тренираат.

Првично беше предвидено да се почне со тренинзи од  24 јануари, меѓутоа до такво нешто не дојде. Уште фудбалерите немаат барем дел од ветената исплата, па нема да тргнат и во тренинзи. Вардар е во незавидна ситуација, а веќе изгуби неколку првотимци поради неизвесноста и матната иднина.

Целата ситуација сигурно е дека ќе влијае на амбициите на клубот, а тоа е враќање во прволигашкото друштво. „Црвено-црните“ се на втората позиција на табелата во ВМФЛ, веднаш зад лидерот Гостивар.

Преземено од Гол.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.