Повторно тешка, многу тешка зима за ФК Вардар, за играчите, но и за навивачите на клубот, пишуваат од „Вардар фанс“, додавајќи дека иако имаше најави за стабилизирање на клубот и преземање на нови газди, сепак од тоа ниту ден денес нема ништо конкретно, освен ветување дека работата ќе се среди набрзо и дека клубот ќе се врати конечно на нормално функционирање.

И како навивачите на Вардар и фудбалерите да веруваат во овие зборови од газда Слободан, после сите лаги и измами кои им ги сервираа во минатото со нови газди од Катар од Турција и да не ги редиме понатаму, оти глава почнува да боли… 10-ти јануари и наводната официјализација или што и да било планирано со новите сопственици не се случи, еве помина и осмиот ден од таа информација, а останува се исто, само приказни и ветување со зборовите почекајте… Ајде навивачите на клубот ќе почекаат, но секако дека фудбалерите еден по еден ќе почнуваат да си бараат чаре, пишуваат од „Вардар фанс“ откривајќи дека играчите одбиваат да одат на тренинг додека платата не легне на сметка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.