Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ ја претстави денеска „Ал Рихла“ како официјална топка на Светско првенство во Катар, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Ова е 14. последователна топка, која „Адидас“ специјално ја дизајнираше за Светско фудбалско првенство и според најавите достигнува најголема брзина од сите топки претходно.

„Ал Рихла“ на арапски значи патување и е инспирирана од „културата, архитектурата, култните чамци и знамето на Катар“.

Јавното претставување на топката ќе биде удостоено со присуство на голем број поранешни фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Кака и Икер Касиљас, на кои ќе им се приклучат и фудбалерки од Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар и Египет, како и талентирани играчи од локалната академија во Доха.

Планирана е турнеја на „Ал Рихла“ низ десет светски градови, меѓу кои Дубаи, Токио, Мексико сити и Њујорк.

Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.