Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на загрепски Динамо, Стефан Ристовски, вечерва изрази уверување дека хрватскиот првак ќе биде поуспешен во двете пресметки со норвешки Бодо/Глимт и ќе избори пласман во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Динамо, предводен од капитенот и репрезентативен колега на Ристовски, Аријан Адеми, утревечер му гостува на норвешкиот шампион во првиот натпревар од плејофот во елитното клупско натпреварување.

– Пред нас е важен натпревар, сите знаеме колкав е влогот. Овој Динамо заслужува да влезе во групната фаза во ЛШ, изјави Ристовски на официјална та прес-конференција.

Динамо, како што кажа, е клуб кој има високи цели.

-Уверен сум дека во тоа ќе успееме имајќи го предвид нашиот квалитет, истакна десниот бек на Динамо и на македонската репрезентација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.