Американскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Пулишиќ би можел да ги напушти редовите на премиерлигашот Челзи до крајот на летниот преоден рок, пренесуваат денеска британските медиуми.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, наводно не смета на услугите на Пулишиќ во продолжение на сезоната и поради тоа раководството на лондонскиот клуб одлучило да го продаде американскиот фудбалер или да го прати на едногодишна позајмица.

Најголем интерес за Пулишиќ покажува Њукасл, кој сè уште не завршил со засилувањата во летниот преоден рок.

Пулишиќ (23) дојде во Челзи од Борусија Дортмунд во 2019 година за 60 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на клубот од Лондон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.