На Мундијалот во Катар 2022, првпат во историјата ќе има забрана за практикување секс.
Како што пишува „Дејли стар“, сексуалните средби надвор од бракот за време на Светското првенство во во Катар (21 ноември – 18 декември) може да доведат до затворска казна од седум години.
Врховниот комитет на Катар во соопштение информира дека „Катар е конзервативна земја и дека јавното покажување чувства не е прифатливо, без оглед на сексуалната ориентација“.
Англискиот весник наведува дека постои зголемена загриженост од органите на редот во Обединетото Кралство дека британските навивачи би можеле да се соочат со тешки казни за постапки кои за нив се секојдневни и општо прифатени.
Сексот е многу надвор од менито, освен ако не дојдете како тим – маж и жена. На Мундијалот дефинитивно нема да има сексуални авантури за една ноќ. Нема да има забави. Секој треба да биде со ладна глава, освен ако не сака да ризикува да биде заглавен во затвор – објаснува полициски извор за „Дејли стар“.
Затоа, пак, претседател на организацискиот комитет за Светското првенство во 2022 година во Катар, Насер Ал-Катер, кој во декември 2021 година, потврди дека „хомосексуалноста не е дозволена“ во емиратот, вели дека сите учесници на Светското првенство ќе бидат безбедни без разлика на нивната сексуална ориентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.