Семејниот дом на францускиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, бил ограбен во неделата, што е вторпат од февруари 2019 година.

Како што јавија шпанските медиуми, грабежот бил извршен во неделата попладне, неколку часови пред првенствениот дуел меѓу Реал Мадрид и Елче, кој заврши нерешено 2:2.

Семејството на Бензема, за време на грабежот, не било во својот дом лоциран во предградието Сан Себастијан, а засега нема информации што е украдено.

Полицијата истражува дали овој грабеж е поврзан со грабежот што беше извршен во домот на Бензема пред три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.