Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио не сака да го напушти мадридскиот клуб, објави „Cadena SER“.

Договорот на играчот со тимот истекува во летото 2023 година. Интерес за него веќе пројавија голем број врвни клубови, но самиот играч изјави дека не би сакал да го менува тимот во иднина.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид не планира да го продолжи договорот со 26-годишниот Шпанец и е подготвен да го продаде или да го вклучи во зделка со некој друг фудбалер.

Асенсио минатата сезона забележа 42 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 12 гола и две асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.