Звонимир Бобан раскажува како е да се дели соба со Просинечки, кој е од иста генерација: „Почна да пуши на 13 години, па делеше соба…“

Звонимир Бобан и Роберт Просинечки припаѓаат на иста фудбалска генерација. Двајца играчи кои се истакнуваа уште од мали нозе и кои испишаа историја во југословенскиот и хрватскиот фудбал.

Двајцата беа дел од младинската репрезентација на Југославија која стана светски шампион во 1987 година, а потоа имаа значителни клупски кариери. Првиот во Милан, кој одбележа ера во Калчото, а вториот по освојувањето на Купот на шампионите со Црвена звезда, беше дел и од шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

Сепак, Бобан има неколку тешки спомени со Просинечки, со кој долго време делеше соба. Тој открива дека неговиот цимер и соиграч, многу често не ги почитувал правилата.

Многу се сеќавам на Роберт Просинечки, пред сè, затоа што тој секогаш ме „малтретираше“. Почна да пуши Марлборо кога имаше 13 години, така што не беше лесно да се дели соба со него. Се будеше во три или четири наутро и палеше цигара. Ќе кажев: „Роби, не смееш да го правиш тоа. Како можеш да пушиш во ова време?. Тој, пак, само ќе ми одговореше: „Ај, не ме замарај, Звоне“ – раскажува Бобан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.