Нема кој не ја забележа аргентинската навивачка која на трибините во Катар која во делириум го соблече дресот и ја прослави победата на националниот тим топлес, но поради овој потег може да се соочи со затворска казна.

Имено, по решавачкиот удар од пенал на Гонзало Мотиел, камерите се свртеа кон навивачите, а меѓу нив беше и една занесна русокоса која на камерите им подари нешто повеќе од очекуваното.

Пред почетокот на првенството, навивачите беа предупредени дека ќе мора да ги почитуваат обичаите и законите на Катар, а од Министерството за туризам порачаа дека „од посетителите (мажи и жени) се очекува да покажат почит кон локалната култура и да избегнуваат разголена облека во јавноста“

Жените кои не се од Катар не мораат да носат абаја фустани кои ја покриваат фигурата речиси од глава до пети, но туристите мора да внимаваат горните делови да им бидат покриени, а здолништата, фустаните и панталоните мора да ги покриваат колената.

Потегот на оваа Аргентинка  го коментираа и корисниците на социјалните мрежи и изразија страв дека ќе биде казнета.

Ја видов, многу е храбра! Ќе ја уапсат ако не внимава…, гласеше еден од коментарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.