Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали својот тим по синоќешната победа над Челзи (4:1) во натпреварот од 22. коло на англискиот шампионат.

Германецот смета дека Ливерпул можеше да постигне и поубедлива победа доколку искористеше уште некоја шанса.

– Морате да играте одлично против тим како Челзи за да постигнете успех. Ова е супер талентиран тим. Начинот на кој Ливерпул го започна натпреварот беше навистина силен. Можевме да постигнеме уште еден или два гола. Играта на Конор Бредли? Неверојатна. Тој лета по теренот. Работи напорно и е добар фудбалер. Поради сите повреди што ги имаме, нема да можеме да постигнеме резултати доколку не се појават такви млади играчи, изјави Клоп за „BBC“.

Ливерпул со 51 бод е лидер во премиерлигашкиот поредок. Челзи е на 10. место со 31 бод



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.