Денеска на фудбалските терени на Фудбалската федерација на Македонија, беше одржан спортски настан за подигање на свеста кај младите, семејствата, родителите и поддржувачите во рамките на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, која се фокусира на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата, во соработка со Македонската фудбалска федерација.

Идејата на настанот беше низ игра и спорт да се доближат прашањата за различностите и инклузијата до младите спортисти, а главната цел на настанот беше да се подигне свеста кај младите за различните форми на говор на омраза, како и да се промовираат начините за борба против омразата особено во спортот и фудбалот.

Настанот воедно беше и можност за младите луѓе и поддржувачите преку пишување пораки на љубов против говорот на омраза, да искажат што значи еднаквоста за нив, покажувајќи дека во фудбалот нема место за омраза и дека спортските терени се простор за здрава конкуренција, поддршка, љубов и фер игра. Пораката за прифаќање и почитување на различностите беше пренесена за време на фудбалските натпревари, каде посетителите имаа можност да се запознаат со кампањата и нејзините напори во борбата против говорот на омраза во спортот и секојдневниот живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.