Англискиот прволигаш Ливерпул е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да договори трансфер со неговиот клуб Наполи, објавија турските медиуми.

Според весникот „Аксим“, Ливерпул сака да го донесе Елмас во своите редови веќе во јануари и многу скоро се очекува да испрати конкретна понуда до Наполи.

Елмас во 2019 година за сума од 16 милиони евра се пресели од Фенербахче во Наполи, кој сезонава повторно влезе со шампионски амбиции во Серија А и во моментов е прволопласиран на табелата.

Елмас од почетокот на сезонава одигра 15 натпревари за Наполи во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.