Фудбалерите на Фламенго ја освоија јужноамериканската Лига на шампиони, откако во „бразилското финале“ во Копа Либертадорес во еквадорскиот град Гвајакил, триумфираа над Атлетико Параненсе со 1-0.

Габриел Барбоса го постигна единствениот гол во судиското продолжение од првото полувреме, а неколку минути претходно Атлетико остана на теренот со играч помалку поради исклучувањето на Педро Енрике.

За Фламенго ова е трета титула во Копа Либертадорес, со што славниот клуб од Рио де Женеиро се израмни со најтрофејните бразилски екипи во ова натпреварување. По три титули имаат и Сао Паоло, Палмеирас. Сантос и Гремио.

Најтрофејни клубови остануваат аргентинските – Индепендиенте со седум и Бока Јуниорс со шест титули во јужноамериканската Лига на шампиони



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.