Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 4:0 над Гибралтар го заврши јунскиот циклус натпревари во Лигата на нации.
Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата им се заблагодари на сите фудбалери кои беа дел од репрезентацијата во пеколниот ритам во кој за 10 дена одиграа четири натпревари, а вкупно одвоија 17 дена од својот одмор за Македонија.

Не го ни знаев резултатот од Тбилиси. Јас не се навраќам на тоа што поминало. Жалам јас и фудбалерите бидејќи не е убаво кога ќе се изгуби таков натпревар. Тие педесетина минути одигравме според мене и еден од најдобрите мечеви. Сепак и тоа не беше доволно и загубивме како што загубивме. Што ќе се случува до крајот на овие натпревари во Лигата на нации ќе видиме. Јас сум задоволен бидејќи момците покажаа пристап кој е за секоја пофалба. Без разлика против когo игра овој тим има максимален респект кон секого, но на терен кон никого. Им честитам на момците на пристапот и желбата за успех. Благодарност до сите кои беа дел од овој камп бидејќи одвоија 17 дена од оној одмор што им припаѓа за да се стават во функција на тимот и државата. Сите што беа дел од овој камп имаат потенцијал. Покажаа дека имаат талент и потенцијал во овој тим. Од нив самите зависи колку ќе се наметнат од игрите во своите клубови. Не сакам да издвојам никого, бидејќи сите ме направија задоволен од пристапот и односот кон тимот – рече Милевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.