Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 вечерва против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Средбата од Лигата на нации беше решена по само 15-ина минути игра кога на семафорот стоеше 3:0 за домаќинот.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од самиот почеток покажаа одлучност да ги освојат бодовите и веќе во 4. минута поведоа преку Енис Барди. Следуваа два погодока на Бојан Миовски (14 и 16. минута) за убедливи 3:0. До крајот на првото полувреме Дарко Чурлинов (31. минута) зголеми на 4:0.

Во второто полувреме мрежите на двете страни мируваа.

Ова е втор триумф за Македонците во меѓусебните дуели во јунскиот циклус. Пред една недела во Гибралтар резултататот беше 2:0.

На другиот натпревар од четвртата група во Ц-цегментот Грузија и Бугарија одиграа нерешено 0:0.

По три кола македонскиот национален тим има седум бода и е втор на табелата, зад лидерот Грузија која има бода 10 бода. Бугарија е трета со три Гибралтар е последен со еден освоен бод. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.