Благоја Милевски и Лучано Спалети ги одбраа стартерите за денешниот натпревар меѓу Македонија и Италија кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Милевски има неколку промени во составот во однос на тимот со кој настапи против Италија.

За разлика од мечот со Англија овојпат го нема повредениот Велковски, Трајковски кој е без клуб, стартери не се ниту Несторовски и Адеми кој до вчера беше во Загреб да го договори трансферот со Динамо. Не е ниту Ристовски кој се откажа од репрезентацијата, нов капитен ни е Барди.

Голман е Димитриевски, странично ќе играат Ашковски и Алиоски, а централната одбрамбена тројка е Манев, Муслиу и Зајков.

Во средниот ред се Барди, Елези, Атанасов и Елмас, најистурен во нападот е Миовски.

За Италија на голот е Донарума, во одбраната се Димарко, Бастони, Манчини и Ди Лоренцо, во средниот ред се Тонали, Кристанте и Барела, во нападот Закањи, Имобиле и Политано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.