Иако стартот и првите триесет минути повеќе ветуваа, македонската фудбалска репрезентација не успеа да оствари втор подвиг во пет дена и застана на чекор до пласман на Светското првенство во Катар. Поразот во Порто од 2-0 е заслужен и Роналдо и другарите ќе се подготвуваат за Катар и Мундијалот во ноември и декември.

Треба да сме горди на момците за периодот од септември до денес. Во нив носат голем потенцијал и талент и на добар пат се да се приближат до најдобрите во Европа. Честитки за Португалија за победата и пласманот на Мундијалот. Задоволен и горд сум на моите фудбалери. Македонија е поразлична селекција од Турција и затоа натпреварот е поинаков. По одиграното против Италија бевме исцрпени, знаев дека физички не можеме да се носиме, физички исто така и свесно сакавме да ги оддалечиме од нашиот гол. Жалам што примивме голови кога бевме доминантни во играта. Пепе и тоа како е важен дел од играта на португалската репрезентација, еден вид икона. Грешките се составен дел од играта, но и по таа грешка не отстапивме од организираноста на тимот. Мислам дека бевме достоен ривал и вакви натпревари како во Порто и Палермо можат да ни помогнат да се доближиме до врвот – рече на прес-конференцијата селекторот Благоја Милевски.

Нашата експедиција утре попладне стигнува во Скопје, па професионалците ќе се вратат на клупските обврски. Следниот репрезентативен собир е на крајот на мај, пред јунските дуели против Бугарија и Гибралтар во Лигата Ц на Лигата на нации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.