Спортската јавност во Аргентина е шокирана од веста за повредата на најдобриот играч на „гаучосите“. Паниката се појави откако од Франција дојде вест дека Меси се жали на болки во ахиловата тетива.
Од Париз тврдат дека повредата не е од сериозен карактер и дека нема причина за загриженост, но во денови кога има се поголем број повредени фудбалски ѕвезди, во јавноста постојат и теории дека отсуствата се планирани заради подолг одмор пред почетокот на подготовките за Катар.
Сепак, во Аргентина никој не се сомнева дека тоа е случај со Меси. Напротив. Аргентинците со нетрпение чекаат да слушнат каква е ситуацијата со најдобриот фудбалер од оваа земја.
Уште претходно Меси потенцираше дека Мундијалот во Катар ќе му биде последно натпреварување во дресот на Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.