Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, го објави конечниот список со 26 играчи за Копа Америка.
Светскиот шампион Аргентина повторно ќе биде предводен од Лионел Меси и Анхел Ди Марија, кој најави дека ќе се повлече од националниот тим по турнирот, кој почнува во САД на 20 јуни.
Во аргентинскиот состав од прелиминарниот проширен список ги нема Анхел Кореа, Валентин Барко и Леонардо Балерди.
Репрезентацијата на Аргентина е во групата „А“ заедно со Канада, со која ќе игра на отворањето во Аталанта, потоа Чиле во Њу Џерси и Перу во Мајами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.