Грчкиот навивач на АЕК, 29-годишниот Михаил, вчера беше убиен со нож во Атина при пресметката со хулиганите на Динамо Загреб.

Медиумите од нашиот јужен сосед пишуваат дека мајката на Михаил доживеала срцев удар откако дознала дека нејзиниот син е мртов. Според информациите, таа со возило на Итна помош веднаш била пренесена во болница.

Натпреварот меѓу АЕК и Динамо во Атина е одложен и ќе се одигра на 19 август.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.