Познат фудбалер од Премиер лигата останал без сопругата откако ја донел дома љубовницата.

Како што пишува „Дејли мејл“, скандалот почнал кога една девојка и напишала на сопругата на фудбалерот на Инстаграм:

Спиев со твојот сопруг“.

Како потврда, таа испратила фотографија од креветот во куќата на фудбалерот. Вреди да се одбележи дека на ѕидот се гледа фотографија од играчот со неговото семејство.

Сопругот првично и рекол на сопругата дека фотографијата е лажна.

Меѓутоа, жената ја проверила снимката од камерата и видела дека фудбалерот всушност, навистина ја донел љубовницата дома. Поради тоа, сопругата решила да се раздели од сопругот.

„Дејли Мејл“ не го открива идентитетот на фудбалерот, но го нарекува „добро познат“ и забележува дека на Евро 2024 отишол како дел од репрезентацијата на неговата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.