Францускиот фудбалер Пол Погба (29) ја заврши сезоната во Манчестер Јунајтед, а очигледно ги одигра и последните минути во дресот на „црвените ѓаволи“.

Клубот од Манчестер денеска потврди дека 29-годишниот играч од средниот ред ја завршил сезоната поради проблеми со мускулите и дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.

За Пол, оваа сезона веројатно е завршена. Докторот ми рече дека има минимум четири недели одмор, а со оглед на тоа што последниот натпревар е кон крајот на мај, не верувам дека ќе игра повеќе оваа сезона, изјави Ралф Рангник.

Погба најверојатно ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед со натпреварот против Ливерпул. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и очигледно кариерата ќе ја продолжи на друго место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.