Во писмото објавено на социјалните мрежи, поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската фудбалска репрезентација, Ерик Кантона, вели дека „неволно“ ќе се откаже од овој настан, што го смета за „аберација“, јави дописникот на МИА од Париз.

Следејќи го патот што го трасираа други поранешни играчи како Филип Лам, јавни личности како актерот Винсент Линдон или дури и медиумите (Котидијан де ла Реунион), Ерик Кантона ја објави својата намера да го бојкотира Светското првенство во Катар 2022 година (20 ноември – 18 декември ).

– Да бидеме искрени со себе! Ова Светско првенство нема смисла! Уште полошо, тоа е аберација! – вели поранешниот напаѓач (56), кој ги осудува „илјадниците смртни случаи“ и лудилото на климатизираните стадиони на овој „голем маскенбал“, чиешто единствено значење, според него, се „парите“.

На за него својствен јазик, Кантона тврди дека нема „ништо да го интересира“ она што ќе направи репрезентацијата на Франција таму, притоа признавајќи дека оваа одлука го чини: „Од кога бев дете, тоа беше настан што го сакам“.
Но, како што вели и самиот: „Понекогаш во животот мораме да носиме одлуки, дури и ако тоа не чини“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.