Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус не се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри синоќа загубија на гостувањето кај Бенфика (3:4) во 5. коло од групната фаза. ПСЖ и Бенфика од групата Х се пласираа во осминафиналето со по 11 бода, додека Јувентус и Макаби имаат по три бода и ќе се борат за учество во плејофот во Лигата на Европа.

Јувентус во 6. коло ќе му гостува на ПСЖ, а Макаби ќе ја пречека Бенфика.

Торинскиот клуб не успеа да се квалификува во плејофот на Лигата на шампионите за прв пат по сезоната 2013/14. Таа сезона „Старата дама“ под водство на Антонио Конте го зазеде третото место во групата со Реал Мадрид, Галатасарај и Копенхаген.

Следните две сезони Јувентус играше два пати во финалето на Лигата на шампионите, но загубија во двата случаи (2014/2015, 2016/2017).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.