Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, му даде поддршка на Ријад Марез кој не реализира удар од 11 метри синоќа на гостувањето кај Борусија Дортмунд во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Марез навистина сакаше да постигне гол. Тој прв се приближи до белата точка и го изведе пеналот. Допрва ќе ја практикува оваа вештина. Тој не е ниту прв ниту последен што промашил пенал. Ќе го решиме овој момент, изјави Гвардиола за официјалниот клупски сајт на „граѓаните“.

По пет кола од групната фаза, Манчестер сити е водечки во својата група со 11 бодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.