Јапонската фудбалска репрезентација го воодушеви светот не само со извонредната и неочакувана победа над светската фудбалска велесила Германија, туку и со однесувањето на јапонските фудбалери надвор од теренот.
На четвртиот ден на Светското првенство во Катар Јапонија приреди сензација откако со пресврт ја совлада извиканата и фаворизирана Германија со 2-1 (0-1) во рамки на првиот натпревар во групата Е.
Но, она што уште повеќе ги воодушеви спортските фанови широм светот беа фотографиите од соблекувалната на јапонските репрезентативци, кои тие ги оставија во совршен ред, како и фотографиите кои осамна на Фејсбук на кои се гледа како репрезентативците на Јапонија го собираат ѓубрето од трибините што зад себе го остави публиката. Ваквото однесување наиде на бројни пофални коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.