Македонските претставници во УЕФА Конференциската лига, Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, ги добија можните противници во 3. квалификациско коло во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Доколку Македонија ЃП биде поуспешна во пресметката со ЦСКА Софија, за противник во 3. коло ќе го има победникот од дуелот меѓу Сент Патрик од Ирска и словенечка Мура. Првиот натпревар би се играл во Скопје, на 4 август, а реваншот на гостински терен една недела подоцна.
Фудбалерите на Шкендија, пак, доколку ја минат втората пречка и бидат поуспешни од летонска Валмиера, за противник во 3. квалификациско коло ќе го имаат поуспешниот од дуелот меѓу шведски АИК и Ворскла од Украина. Тетовскиот тим на првиот натпревар би бил гостин.
Македонскиот шампион Шкупи во случај на елиминација во 2. Квалификациско коло во Лигата на шампиони од загрепки Динамо настапот на европската сцена ќе го продолжи во 3. Квалификациско коло во Лига Европа против поразениот од пресметката меѓу бугарски Лудогорец и ирскиот шампион Шамрок Роверс.
Првиот натпревар ќе се игра на гостински терен, на 4 август, а реваншот е по една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.