Лекарскиот преглед ја потврди повредата на лигаментите на коленото кај напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза. Медицинските испитувања покажале дека фудбалерот ќе пропушти околу шест месеци, објави „Газета дело спорт“.

Киеза се повреди на натпреварот од 21. коло на италијанскиот шампионат против Рома, што Јувентус го доби со 4:3.

Дваесет и четиригодишниот Италијанец оваа сезона одигра 18 натпревари за тимот на сите турнири и постигна четири гола и четири асистенции. Тој беше еден од најдобрите во италијанската репрезентација која го освои Евро 2020.

Италија во март ќе се сретне со македоската репрезентација во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.