Досегашниот тренер на Академија Пандев Александар Васоски  е промовиран за нов тренер на Сараево. На официјална прес-конференција се обрати на медиумите и ги објасни неговите цели и планови со клубот од БИХ.

„Чест ми е и задоволство што управата ме препозна мене да бидам дел од голем клуб како што е Сараево. Тоа е задоволство, но и голема обврска. Прва цел оваа сезона е клубот да излезе во Европа, да се освои Купот, а долгорочно млади играчи да вклучуваме во првиот тим, а зошто да не и во репрезентацијата на БИХ. Овој проект го туркаме заедно кон напред“, рече Васоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.