Александар Трајковски е македонскиот херој со голот постигнат во 92. минута вреден победа над Италија воопшто не беше случаен, што може да се види од анализата на погодоците кои ги има постигнато од речиси истата позиција на исетиот стадион на кој настапуваше како фудбалер на Палермо.

Тој четири сезони настапуваше за калчолигашот од Сицилија и „Ренцо Барбера“ е буквално негов стадион. Местото од каде што ја скина мрежата на Донарума му е „коњак“, со оглед што се појави видео со анализа дека оттаму повеќе пати ја има затресено противничката мрежа и тоа на речиси идентичен начин.

Македонија по триумфот во Палермо се избори за финале од баражот за СП 2022, во кое во вторник ќе ги одмери силите со Португалија во Порто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.