Додека смртта на британската кралица Елизабета втора предизвика реакции и изјави на тага, имаше и такви што јавно се израдуваа на нејзиното починување.

Станува збор за навивачите на ирскиот фудбалски клуб Шамрок, кои на мечот од Конференциската лига против Ѓургарден ја славеа и правеа пародија од нејзината смрт.

Лизи е во ковчег, Лизи во ковчег – ечеше навивачката песна на стадионот.

Средбата во Даблин, инаку, заврши без голови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.