Поразот на Италија од македонската репрезентација во полуфиналето од мундијалскиот бараж, освен италијанската јавност, тешко го поднесе и претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Навистина би заплакал поради тоа што Италија ќе го пропушти Светското првенство, изјави Инфантино во разговор за РАИ Спорт, спроти денешната жрепка во Доха за групната фаза на Мундијалот.

Инфантино, кој е Швајцарец со италијанско потекло, рече дека е „тажно за сите Италијанци што Азурите вторпат по ред нема да учествуваат на Светско првенство.

Но, ситуацијата е таква, само 32 репрезентации можат да се квалификуваат и Светското првенство е на секои четири години. Барем засега …, изјави Инфантино.

Италија не успеа да се квалификува за завршниот турнир во Катар, откако пред своите гледачи во Палермо загуби од Македонија со 1-0. ег/паг/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.