Нетипично за нив беше однесувањето на аргентинските фудбалери, особено она на капитенот Лионел Меси на мечот против Холандија, каде во неколку наврати бесот го истурија врз Луис Ван Гал.

Голманот Емилијано Мартинез испрати бројни пцовки кон 71-годишниот холандски селектор.

Те е*евме, те е*ав двапати, двапати те пое*ав ку*во една, му дофрла Мартинез по крајот на пенал-серијата.

Тој по мечот изјави:

Слушнав дека Ван Гал рече дека ако се дојде до пенали, Холандија ќе има предност. Мислам дека треба да ја затвори устата.

Меси, пак, прво го прослави голот пред клупата на Холандија ставајќи ги рацете на уши. Тоа го направил поради Хуан Рикелме, чиј заштитен знак е ваквиот вид на прослава. Меси на тој начин сакал да се одмазди за лошиот третман кој го имаше Рикелме во Барселона кога Ван Гал беше тренер таму. Поради холандскиот стратег Рикелме си замина од Барселона.


Подоцна Меси му се втури во лице на Ван Гал, и влезе во вербална конфронтација со неколку претставници од противничкиот табор. На Холанѓанецот му порача дека многу зборува.


На интервјуата порача дека искусниот Ван Гал покажал непочитување кон него и аргентинската репрезентација со своите изјави пред четвртфиналето, па решил и сам да го побара селекторот за да му посочи колку погрешил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.