Со дуелите меѓу Мароко и Португалија (16 часот) и Франција против Англија (20 часот) денеска завршува четвртфиналната фаза по што ќе бидат познати сите полуфиналисти на Светското првенство во Катар.

Пласман меѓу најдобрите четири репрезентации вчера обезбедија Хрватска и Аргентина.

Хрватска го совлада Бразил на пенали со 4-2, откако дуелот по регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1.

Со подобро изведување пенали пласман обезбеди и Аргентина со 4-3 (2-2,1-0).

Полуфиналето меѓу Хрватска и Аргентина е на програмата во вторник од 20 часот во Лусаил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.