Репрезентацијата на Хрватска се пласира во осминафиналето од Светското првенство во Катар, откако во третото коло од групата Ф, одигра 0:0 против Белгија.

Со овој резултат, Хрватите, со пет бодови ја завршија групната фаза на второто место, зад Мароко кој славеше против Канада со 2:1 и во осминафиналето оди како прв со седум бодови.

Зад нив останаа фаворизираната Белгија со четири и Канада без бодови.

„Коцкестите“ беа подобар противник во првото полувреме, кога целосно ја контролираа играта, но натпреварот потполно „се отвори“ во вториот дел кога Белгија ги стави во игра своите најголеми ѕвезди, како Ромелу Лукаку и браќата Торган и Еден Азар, кои на Мундијалот допатуваа со физички проблеми.

„Црвените ѓаволи“ притиснаа и вршеа опсада на хрватскиот гол до самиот крај, но Лукаку пропушти неколку стоотстотни шанси, а еднаш ја погоди и рамката од голот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.