Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, одговори на прашањето зошто не искористи ниту една замена синоќа во осминафиналето од Лигата на шампионите против Лајпциг (1:1).

Ова беше прв пат од октомври 2018 година, тим да не направи ниту една замена на натпревар од Лигата на шампионите. Пред четири години Манчестер јунајтед играше со Јувентус без замени.

– Ако имам право да направам пет замени, тогаш тоа не значи дека треба да ги користам сите. Јас сум доволно добар тренер за да одлучам што правам, а што не. Бев прилично задоволен од она што го видов на теренот, особено во средниот ред. Секако, размислував да го внесам Фоден, но на крајот решив да оставам се како што е, особено кога е одбраната во прашање. Бернардо имаше добра контрола врз средината и тоа ни требаше, изјави Гвардиола по натпреварот.

Реваншот ќе се игра на 14 март во Манчестер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.