Крилниот напаѓач на Манчестер сити,Џек Грилиш  откри колку е тешко да се игра за тимот на Пеп Гвардиола оваа сезона.

– Не знам, можеби да. Не сум сигурен, ова е тешко прашање. Со квалитетите на тренерот Пеп, да се во тимот е фантастично чувство. Но, исто така, колку е тоа тешко, можете да замислите, изјави Грилиш за „Sky Sport“.

Манчестер сити ја освои тројната круна во сезоната 2022/23: Лигата на шампионите, англиската Премиер лига и ФА Купот.

Грилиш се појави на 20 натпревари за Манчестер сити во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи три гола и две асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.