Фудбалската селекција на Германија ја декласираше Шкорска со 5-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вечерва во Минхен на „Алијанц арената“.
Германија тргна доминантно, по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0.
Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1.
Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.