Фудбалер трагично загина откако во саботата попладне го удри гром додека играше фудбал во Индонезија. Видеото кое се рашири по социјалните мрежи го прикажува точниот момент кога 35-годишниот фудбалер од Субанг падна на стадионот Силиванги во Бандунг, Западна Јава.
This happened during a football match in Indonesia 🇮🇩 pic.twitter.com/JHdzafaUpV
— Githii (@githii) February 11, 2024
Мажот, подоцна идентификуван како Септан Рахарја, играл на пријателски фудбалски натпревар, кога гром го удрил околу 16:20 часот по локално време во саботата.
Според локалните медиуми тој сè уште дишел по инцидентот, кога бил пренесен во локалната болница, но набрзо починал од тешките изгореници.
Фудбалските фанови и играчи изразија сочувство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.